Пијан маж седнал на сувозачкото седиште и тврдел дека неговото куче го возел автомобилот

од desk4

Кога полицијата го прашала осомничениот дали конзумирал алкохол, тој побегнал оставајќи ги и возилото и кучето. Бил фатен на околу 20 метри од возилото.

Осомничениот, пијан возач во Колорадо неуспешно се обидел да го обвини своето куче за пребрзо возење, соопшти полицијата во источниот дел на Колорадо. Полицијата во Спрингфилд на Фејсбук напиша дека обидот за префрлање на одговорноста се случил доцна во саботата навечер, кога полицајците запреле возило кое патувало 84 километри на час во зона со брзина од 50 километри на час.

„Возачот се обидел да ги смени местата со кучето на сувозачкото седиште, додека полицаецот се приближил и го набљудувал целиот процес“, соопштија полициските службеници во неделата. „Мажот потоа излегол од сувозачката страна на возилото и тврдел дека не возел“.

Слични содржини