По Америка и Кина, и Италија најавува тестирање на вакцини против Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Првите случаи на Ковид-19 во светот беа пријавени во кинескиот град Вухан, а досега во Кина се разболеле над 802.000 луѓе, а повеќе од три илјади починале.

Моментно, најалармантна е состојбата во Италија, каде од вирусот починаа 345 луѓе само во последните 24 часа.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ секојдневно работи на сите полиња за да ја спречи пандемијата на Ковид-19, вклучително и поддршка за истражување и производство на вакцини.

По САД, каде научниците од Сиетл најавија скоро тестирање на вакцината за корона на луѓе, Кина денес го одобри клиничкото испитување на првата вакцина направена против овој смртоносен вирус.

Италијанското Министерство за здравство исто така соопшти денеска дека го одобрило тестирање на животни за првата вакцина против коронавирусот.

Пробната вакцина е создадена во лабораториите на Такис, изјави челникот на компанијата Луиџи Орисикио, посочувајќи дека тоа е прва тест вакцина во Европа.

„Ова се првите чекори што ги правиме кон вакцина за човечка употреба“, рече Орисикио.

Слични содржини