По смртта на 20 годишна жена, Словенија ја суспендираше вакцината на „Џонсон и Џонсон“

од Берта Китинска

Откако почна 20-годишна жена од крварење во мозокот и згрутчување на крвта по примената вакцина на Џонсон и Џонсон, властите во Словенија соопштија дека привремено ќе ја прекинат имунизацијата со ова вакцина.

„Министерството за здравство го повика Институтот за јавно здравје привремено да ги прекине вакцинирањето со вакцината, додека не се расчистат сите детали поврзани со овој случај“, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Јанез Поклукар.

Сепак, „придобивките продолжуваат да ги надминуваат ризиците“, додаде министерот.

Медиумите објавија дека жената била хоспитализирана на 27 септември во тешка состојба, само неколку дена откако била вакцинирана со Џонсон и ЦОнсон вакцина.
Во Словенија со вакцината на Џонсон и Џонсон се вакцинирани 120 илјади луѓе.

Слични содржини