Почна транзицијата на власта! Обама денеска ќе го пречека Трамп во Овалната соба во Белата куќа

од desk3

Американскиот претседател во заминување Барак Обама ќе го пречека денеска во Овалната соба во Белата куќа, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со што симболично ќе почне транзицијата на власта.

Американски медиуми коментираат дека Обама му пружа „маслиново гранче“ на Трамп, кој за време на кампањата го напаѓаше како неспособен за раководење на американските воени сили и го оспоруваше легитимитетот на Обама да биде претседател.

obamatrump1

Во Белата куќа денеска приватно ќе се сретнат досегашната прва дама на САД, Мишел Обама и сопругата на Трамп, Меланија.

Инаугурацијата на Трамп за 45. претседател на САД е планирана за 20 јануари.

Обама се надева дека ќе продолжи американската традиција луѓето на власт да не го користат системот на кривично правосудство против своите противници, изјави вчера портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Тој тоа го кажа одговарајќи на прашање дали новоизбраниот претседател на САД ќе го „исполни“ вертувањето и во затвор ќе ја прати демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон.

– Имаме долга традиција во оваа земја луѓето на власт да не го користат системот на кривично правосудство за политичка одмазда…Претседателот се надева дека тоа ќе продолжи, рече Ернест.

Трамп, Клинтон за време на втората претседателска дебата во октомври ја нарече „ѓавол“ и сугерираше дека доколку победи на претседателските избори ќе ја прати во затвор, поради скандалот околу службените мејлови, кои таа за време на својот мандат како државен секретар ги испраќала од својот приватен сервер.

Тој исто така вети дека ќе го укине Обамакер, системот на здравствено осигурување и нуклеарната спогодба со Иран, што се две достигнувања, со кои неговиот претходник се гордее./МИА

Слични содржини