345
Денеска (29.06.2022) околу 06.50 часот во с.Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.О.(20) од с.Грчец, информираат од МВР.
-При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се и одземени ќеса со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.
С.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од министерството за внатрешни работи.