Последна шанса: Асанж во февруари ќе поднесе жалба против налогот за екстрадиција во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж ќе ја има последната шанса во февруари да се бори против налогот за екстрадиција во САД пред Високиот суд во Лондон, изјавија неговите поддржувачи.

Британија даде зелено светло за негова екстрадиција, но тој се обиде да ја поништи одлуката. Активистите рекоа дека ќе се одржи јавна расправа во Високиот суд на 20 и 21 февруари, кога двајца судии ќе ја разгледаат претходната пресуда со која на Асанж му беше одбиена дозволата да поднесе жалба.

„Дводневното сослушување може да биде последна шанса за Џулијан Асанж да ја спречи неговата екстрадиција во САД“, се наведува во соопштението на „Викиликс“.

Американските власти го бараат Асанж (52) по обвинение од 18 точки, вклучително и за шпионажа, во врска со објавувањето на огромни количини доверливи американски воени досиеја и дипломатски телеграми преку „Викиликс“. Вашингтон тврди дека тоа ги загрозило животите на луѓето.

Поддржувачите на Асанж велат дека тој е херој против естаблишментот, кој бил жртва на разоткривање на американските злосторства и дека неговото гонење е напад врз новинарството и слободата на говорот.

Слични содржини