Посна зелка чорба

од desk2

Ова вкусно јадење ќе ве освои!

СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
2 моркови
2 компири
малку зелка
2 цвета карфиол
50 гр ајвар
50 мл готвен домат
црвена пипер
ловоров лист
1 лажица брашно
бибер
сол
листови магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте на кругови сечкани моркови, па и нив малку пропржете ги. Додајте зелка сечкана на коцки и компири сечкани на коцки. Ставете шолја вода и динстајте.
Додајте црвена пипер и налијте вода да се зготви зеленчукот. Додајте и карфиол.
Во тацна разматете брашно со вода, додајте ајвар и домати и добро измешајте да нема грутки. Ставете во чорбата. Додајте сол, бибер и на крај листови магдонос.
Добар апетит!

Слични содржини