Пожар во Аеродром, ЦУК: Најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице

од Nikola Popovski

Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

-Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице, соопштија од ЦУК.

Како што додаваат оттаму, во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила.

Дополнителни информации се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини