Пожар во една од бараките на општина Кисела Вода, го изгаснале вработените

од Берта Китинска

Денес, околу 11 часот, во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација.

-Пожарот веднаш беше локализиран од страна на самите вработени и за среќа, освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица.На лице место пристигна екипа од Противпожарната бригада и од Полициската станица во Кисела Вода, но немаше потреба од дополнителна интервенција.Ги известуваме граѓаните дека во моментов во бараката 3, во која е сместен Секторот за урбанизам, е прекинато електричното напојување, но се работи на надминување на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе продолжи вообичаената динамика на работниот процес, велат од Општина Кисела Вода.

Слични содржини