Познат актер остана без улогата на Супермен, но доби убава и богата девојка (ФОТО)

од Nikola Popovski

Актерот Хенри Кавел го игра Супермен уште од 2013 година, а последен пат се појави во оваа улога во овогодинешниот „Black Adam“.

Во октомври, тој се откажа од главната улога во „The Witcher“ на Нетфликс и најави дека повторно ќе биде Супермен, но за жал, тоа нема да се случи.

Како што им кажал на своите пријатели, Кавел бил отпуштен од снимањето, бидејќи дошло до промена на луѓето на водечките позиции во продуцентската куќа, па сега многу проекти се под знак прашалник.

„Откако студиото ми кажа да го објавам моето враќање, оваа вест не е најлесно за примање, но таков е животот“, коментирал актерот и додал: „Ми помина редот да ја носам наметката, но она што го претставува Супермен никогаш нема да помоне. Беше забавно изминатото време со сите вас, продолжете така“, напишал меѓу другото Кавел на социјалните мрежи.

Тој исто така додал дека „Супермен е сè уште наоколу и неговата добрина сè уште постои“.

Многу девојки ширум светот копнеат по згодниот Британец, а неговото срце го освои Натали Вискусо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)

Тие двајца се во врска повеќе од две години и не се експонираат претерано во јавноста. Сепак, познато е дека убавата Натали потекнува од благородничко семејство, а како тинејџерка учествувала во шоуто „My Super Sweet 16“.

Емисијата беше емитувана во 2005 година, кога беше прикажан 16-тиот роденден на Вискусо.

„На 15 години, Натали живее во куќа вредна 5 милиони долари и крстари низ градот со Бентли и Ферари на нејзиниот татко. Што повеќе може да посака?“, беше претставено тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)

Денес, таа е потпретседател на телевизиските и дигиталните студија „Legendary Entertainment“, која е и една од компаниите зад филмовите на Кавел „Човек од челик“ и „Енола Холмс“.

Во 2017 година, Натали ја изгуби својата мајка Тами Каи Бауман, која почина од рак.

Слични содржини