Премиерот на Словачка поднесе оставка

од Nikola Popovski

Словачкиот премиер Едуард Хегер објави дека ја доставил оставката на неговата привремена влада до претседателката Зузана Чапутова, откако оставките на неколку министри го ослабеа неговиот кабинет.

Како што пренесува Ројтерс, Хегер ќе се сретне со претседателката, која има овластување да назначи нов технички премиер, кој треба да биде на функцијата до изборите во септември.

Хегер се соочува со повици од опозицијата да ѝ отстапи место на технократска администрација, која би управувала со Словачка до следните предвремени избори.

Слични содржини