Претепано и премрзнато дете најдено на улица во Велес, од повредите не може да зборува

од Stefanija Kuzmanovska

На улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во саботата случајни минувачи забележале дете со тешки повреди кое било премрзнато оставено да лежи на земја. Настанот е пријавен во СВР Велес, а детето е пренесено во Општата болница Велес.

Момчето било со тешки повреди, отворена рана на брада и скршеница на долната вилица.

Поради специфичните повреди момчето било префрлено на Детската клиника во Скопје. Околу тоа што се случило со детето, кој и зошто му нанел тешки повреди, а потоа го оставил да смрзнува среде улица, и колку време било момчето ставено таму да лежи, се уште нема информации, дознава „Фокус“.

Од СВР Велес го потврдуваат настанот и појаснуваат дека момчето сè уште е во Клиниката во Скопје, но поради повредите не е во состојба да зборува.

Слични содржини