Принцот Хари: Никој од кралското семејство не го сака престолот!

од Vladimir Zorba

Принцот Хари во последно време стана едно од најпознатите лица во кралското семејство. Неговата романса со Меган Маркел и искреното интервју во кое раскажа како му се одразила загубата на мајка му – принцезата Дијана, привлече уште повеќе вниманието на јавноста.

Тогаш Хари изјави дека ја преживеал многу тешко смртта на мајка си, и тоа го натерало да учествува во процеси кои се тешки за секое дете.

“Овој момент беше ужасен. Мајка токму беше загинала, а мене ме натераа да чекорам по ковчегот  пред очите на илјадници непознати луѓе и уште милиони кои ги следеа случувањата на телевизија. Не мислам дека така треба да се постапува со децата. Не сум сигурен дека во денешно време работите би се одвивале на тој начин “, раскажува тој за Daily Mail.

Принцезата Дијана загина кога Хари имаше 13 години, а Вилијам 15. “Мојата мајка одигра важна улога во формирањето на животот кој го водам. Таа ни го покажа на мене и брат ми животот. На пример не носеше на посети кај бездомниците.

Фала богу не сум надвор од реалноста. Луѓето знаат да се изненадат кога ќе дознаат колку обичен живот водиме со Вилијам, признал Хари. Тој сакаше да оди на пазар сам и понекогаш забележувал кога го фотографираат. А што се однесува до престолот, Хари изјавил изненадувачки дека никој во неговото семејство не се стреми кон функцијата на крал и кралица.

“Ние сме вклучени во процесот на модернизација на британската монархија и го правиме тоа не за себе, туку за другите луѓе. Ние сме многу благодарни на кралицата дека ни дава право на избор.

Таа побара од нас да одвоиме доволно време и да размислиме над прашањето кој од нас би станал крал или кралица. Сметам дека секој од нас ќе ги исполни сите обврски, кога ќе дојде време “.

Слични содржини