Продажбата на електрични автомобили во ЕУ за прв пат ја надмина продажбата на дизел автомобили

од Vladimir Zorba

Граѓаните на ЕУ купиле повеќе електрични автомобили отколку автомобили со дизел мотор во јуни, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили – ACEA во средата.

Електричните автомобили за прв пат ја надминаа продажбата на автомобили на дизел, соопшти здружението.

Со 158.252 регистрации, новите електрични автомобили постигнаа пазарен удел од 15,1 отсто во јуни.

– Ова ги позиционира електричните автомобили со батерии како трет најпопуларен избор на луѓе кои купуваат нов автомобил, пред автомобилите со дизел мотор за прв пат – соопшти ACEA.

Според белгиската новинска агенција Белга, автомобилите со дизел имаа пазарен удел од 13,4 отсто.

Автомобилите на бензин биле најпопуларен избор при купување на личен автомобил (36,3 отсто удел на пазарот), а потоа следат хибридните електрични автомобили (24,3 отсто),.

Во првата половина на 2023 година, во ЕУ се регистрирани повеќе од 5,4 милиони нови приватни автомобили, 18 отсто повеќе отколку во истиот период во 2022 година.

– Напредокот во изминатите неколку месеци покажува дека европската автомобилска индустрија се опоравува од прекините на синџирот на снабдување предизвикани од пандемијата COVID-19. Сепак, бројките се уште се за 21 процент помали од 2019 година – се вели во соопштението на ACEA.

Во Белгија се регистрирани 264.475 нови приватни автомобили во првата половина од годината, над 35 отсто повеќе отколку во првата половина на 2022 година.

Слични содржини