265
Полициски службеници утрово на автопатот Куманово – Крива Паланка во возило со скопски регистарски ознаки пронајдени 10 мигранти од Сирија.
-Утрово во 05:00 часот на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај дале знак за запирање на патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки. Возилото продолжило со движење, по што во близина на клучка за Крива Паланка возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.