Пронајдено безживотно тело на 47-годишен маж

од Nikola Popovski

Полицијата соопшти дека вчера попладне во стан во Тетово бил пронајден мртов 47-годишен маж.

Според информациите од МВР, во СВР Тетово било пријавено дека во сопствениот стан на улицата „Илинденска сага“ бил пронајден починат И.И.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини