Пронајдено починато лице на улица во Аеродром

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека во полициската станица во Аеродром, во вечерните часови на 29 март од страна на лекари од итната медициска помош било пријавено дека на улицата Фрањо Клуз бил пронајден починат 37-годишниот П.М. од Скопје.

„Од екипа на брзата помош била констатирана смрт без траги на насилство. За настанот известен е и Jавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. На местото увид извршила екипа на СВР Скопје“, велат од полицијата.

Слични содржини