Првата фотографија од сопругата на Ел Чапо по апсењето: Денес излегува пред судија

од Nikola Popovski

Сопругата на нарко-босот Ел Чапо Гузман беше уапсена во понеделникот на аеродромот во Вирџинија под обвинение за трговија со дрога, а сега е објавена и нејзина фотографија по апсењето.

Ема Коронел Аиспуро (31), поранешна кралица на убавината, е сопруга на мексиканскиот нарко бос, позната под прекарот Ел Чапо и има две ќерки со него.

Нејзината полициска фотографија по апсењето ја објави канцеларијата на шерифот во Александрија, пренесуваат странските медиуми.

Коронел е уапсена на аеродромот, но не е познато дали планирала да патува некаде или се враќала од некаде.

Министерството за правда не ги потврди околностите под кои е уапсена – дали таа самата се предала или не.

Да потсетиме, обвинувањата за трговија со дрога се однесуваат на периодот од 2014 година до екстрадицијата на нејзиниот сопруг во САД во јануари 2017 година.

Таа е обвинета и за помагање на Гузман (63) во неговото познато бегство од затвор на 11 јули 2015 година, низ тунел ископан под притворот Алтиплано во Мексико.

Слични содржини