Првата пациентка излегува од Инфективната клиника, нема коронавирус

од Aleksandar Todeski

Првозаболената пациентка од коронавирус е излечена и денеска добива отпусна листа, со што ќе оди на домашно лекување, информираше на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

Министерот кажа дека таа била тестирана за коронавирусот и тестот бил негативен, по што следувал уште еден, контролен тест, кој исто така бил негативен.

Биле тестирани и лицата кои со истиот автобус со пациенктата се враќале од Италија и ниту еден нема коронавирус, а негативни на вирусот се и лицата со кои таа стапила во контакт откако се вратила во Скопје.

Тој посочи дека останатите 18 заболени од коронавирусот се во иста состојба како и вчера, односно само првата пациентка од Дебар е ставена на машина за механичка вентилација, а останатите се во добра состојба.

 

Слични содржини