ПСЖ го напушта „Паркот на принцовите“, Париз не го дава на Ал-Хелаифи

од Vladimir Zorba

Пари Сен Жермен ќе го напушти „Паркот на принцовите“ откако Градскиот совет на Париз потврди дека стадионот не е на продажба, изјави претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи.

„Премногу е лесно да се каже сега дека стадионот повеќе не се продава. Знаеме што сакаме, изгубивме години обидувајќи се да го купиме. Сега е полесно, знаеме што сакаме. За нас е готово. Сакаме да се иселиме од „Паркот на принцовите“, изјави Ал-Хелаифи за новинарите на конгресот на УЕФА.

ПСЖ минатата година соопшти дека ќе истражува алтернативи, откако градоначалничката на Париз, Ане Идалго изјави дека стадионот не е на продажба, став што канцеларијата на градоначалникот ја потврди во вторникот.

„Продажбата не е пожелна бидејќи тоа би било одлука без враќање назад… Затоа мораме да ја исклучиме продажбата на стадионот. Не сакаме да го продадеме наследството на Париз“, изјави во вторникот заменик градоначалникот на Париз за спорт, Пјер Рабадан.

„Паркот на принцовите“ е дом на ПСЖ од 1974 година, четири години по основањето на клубот.

Слични содржини