Путин: Украинските сили ги интензивираа воените операции, но контраофанзивата е запрена

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружените сили на Украина ги интензивираа воените операции и главните акции беа во правец на Запорожје, но обидите на украинската контраофанзива се запрени, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Во однос на последните неколку дена, ние навистина потврдуваме дека непријателствата се интензивираа. На значаен начин. Главните судири се случија на западот, главните удари во правец на Запорожје“, им рече Путин на новинарите на маргините на самитот на Русија и Африка, пренесе РИА Новости.

Претседателот на Русија напомена дека таканаречената контраофанзива од големи размери започнала на 4 јули, а тоа го потврдуваат и реалните акции во контактната зона.

Слични содржини