Путин: Западот ги премина сите граници, ќе одговориме на уцените

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја нареди првата мобилизација во Русија по Втората светска војна и го предупреди Западот дека Москва ќе одговори со моќта на својот огромен воен арсенал доколку продолжи со, како што рече, „нуклеарната уцена“, пренесува „Ројтерс“.

„Оние кои се обидуваат да ја уценат Русија со нуклеарно оружје треба да знаат дека ветровите можат да се свртат во нивна насока“, рече Путин во своето обраќање до нацијата, пренесува РИА Новости.

Рускиот претседател рече дека Западот сака да ја уништи Русија, но дека Русија има помодерно оружје од она на НАТО.

Путин поддржа референдуми во четири украински региони

Рускиот претседател ги поддржа денеска распишаните референдуми во четири украински региони и ги обвини западните земји дека не се задоволни со мирно решение на украинскиот конфликт и затоа на Киев му е наредено да ги прекине преговорите.

Во телевизиско обраќање до јавноста, Путин рече дека Москва ќе ја поддржи одлуката што ја донесоа граѓаните на регионите Донбас, Запорожје и Херсон на референдумите.

Еднаков статус за волонтерите во Украина и војниците

Во денешното телевизиско обраќање до нацијата, Путин објави дека дал инструкции за изедначување на правниот статус на доброволците во воената операција во Украина и борците во Донбас, со руските војници, пренесува ТАСС.

„Веќе дадов инструкции до Владата и Министерството за одбрана целосно и во најкус можен рок да го дефинираат правниот статус на доброволците и борците на единиците на Доњецката и Луганската народна република. Тој треба да биде еднаков на статусот на војник на редовната руска армија“, рече Путин.

Западот ги премина сите граници во својата антируска политика

Западните елити се обидуваат да ги потиснат другите центри на моќ во обид да ја задржат својата доминација, изјави денеска рускиот претседател.

Тој најави и дека руските војници во Украина се борат против колективната западна воена машина, а НАТО ги спроведува своите операции на територијата на Русија, наведува руската агенција.

Слични содржини