Состојки:
15 г свеж квасец
3 лажици топла вода
225 г брашно
10-12 шери домати
сол
сушен рузмарин
За луково масло:
4 лажици маслиново масло или 50 г путер
1-2 истолчени лукчиња
Двете состојки се мешаат добро.abfdaab01d0637df429214da35e8a1b3Подготовка:
Растворете квасец во чаша со количеството вода наведено во состојките и оставете да отстои за околу 10 минути. Во сад или тава ставете го брашното заедно со солта и промешајте. Направете кладенче и истурете го квасецот.

Откако ќе добиете тесто треба да го месите околу 10 минути на набрашнета површина. Оформете го како топка, ставете го во сад и покријте со фолија. Оставете го да нарасне за околу 40 минути.

Потоа повторно премесете благо и расукајте до дебелина од околу 1 см. Намачкајте го обилно со луковото масло, направете неколку дупки и ставете во секое дупче шери домат. Посипете со сушен рузмарин или друга ваша омилена билка. Печете во загреана рерна на 180 степени.

Слични содржини