Но, Реџепи не е прва жртва во борбата за ова, очигледно важно место во хиерархијата на партијата.

Пред три години е убиен Џемаил Реџепи алијас Командант Шќипоња, кој исто така бил кандидат за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово. Медиумите тогаш пишуваа дека тој неколку дена пред убиството искажал голема загриженост за состојбата во ДУИ.

,,Слушнав за луѓе, кариеристи , кои коментираат дека не сум во добри односи со Али Ахмети. Кога се работи за Куманово, секогаш ќе бидам против оние кои не му мислат добро на градот и на граѓаните“, изјавил тој само неколку дена пред да биде убиен.

Командант Шќипоња, бил учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година и отаму го носи командантскиот прекар како еден од членовите на ОНА, потоа со функционерски позиции во ДУИ.

Приведени по вооружениот инцидент во Мала Речица каде е убиено едно лице

 

 

Тој беше убиен во својот автомобил, а напаѓачите беа регистрирани од повеќе надзорни камери во градот.

повеќе на Ако.мк