[РЕЦЕПТ] Јаболка во чоколадо со ореви

од Vladimir Zorba

Состојки:
3-4 јаболка
2 чоколади по ваш избор
200 гр мелени ореви или други јатки по ваш избор
дрвени стапчиња за рачки8274d4587df6d39c5e1a8ee9404ae67c

Подготовка:
Измијте ги и исушете јаболката. Отстранете им ги рачките . Со нож направете мал процеп од страната на рачките навнатре, за да може полесно да се стават дрвените стапчиња. На водена бања или во микробранова печка растопете го чоколадото.

Потоа земете едно јаболко, потопете го во него и посипете темелно со ореви. Пред консумација оставете чоколадото да се стегне добро врз јаболката. За оваа цел може да ги оставите малку во фрижидер.

Слични содржини