[РЕЦЕПТ] Лесна пита со спанаќ и сирење

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 кг брашно
300 мл вода
3 јајца
50 мл масло
1 лажица оцет
1 кг спанаќ
300 г сирење
сол7f0afeabf06c2801b9343cc2c335264c

Подготовка:
Измешајте ги водата, оцетот, маслото, солта и брашното во голем сад. Замесете добро со лажица. Ќе се добие цврсто тесто. Домесете со раце и поделете го тестото на две топки. Едната треба да е поголема од другата.
Големите топки тесто се шират по дното на намачкана тави, за краевите да излезат од работ.

На тестото се реди спанаќ (суров), кршено сирење и јајца. Зајрето треба да е добро промешано пред да се стави. Покријте со рабовите на тестото до рабовите на тавата. Потоа се допокрива со другата топка тесто, претходно малку расукана.

Печете во загреана на 230 степени печка за околу 45 минути.

Слични содржини