[РЕЦЕПТ] Потпечен компир со шунка и чедар

од Vladimir Zorba

Состојки:
500 г компири
350 г ситно исечкана шунка
250 г моцарела
неколку страка магдонос
200 г чедар
300 мл течен крем
2 јајца
сол, црн пипер4db0715abacdc93148ac860151422ac2

Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња. Зачинете ги со сол и црн пипер. Во намачкана тава со нелеплив слој ставете еден ред компири. Посипете со исечкана шунка и наредете исечена на парчиња моцарела.

Посипете со малку магдонос и ставете втор ред од компирот, шунка, моцарелата и магдоносот. Завршете со компири врз кои ќе посипете рендан чедар.

Во сад ставете павлака и додадете ги кон неа јајцата. Промешајте добро и истурете во садот. Покријте со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 190 степени. Кога компирите се речиси готови (по околу 45 минути), отстранете ја фолијата и печете до позлатување.

Слични содржини