Револуција на престижното натпреварување: Трансродова личност крунисана за Мис на Холандија!

од Stefanija Kuzmanovska

За првпат во историјата на изборот за убавина, новата мис на Холандија е трансродова жена, која ќе се бори за круната на Мис Универзум.

Рики Валерије Коле (22) испиша историја, а на натпреварот носеше црвен фустан. Круната ѝ ја врачија нејзината претходничка Она Муди и актуелната Мис Универзум Р’Бони Габриел од САД.

„УСПЕАВ“, напиша таа подоцна на социјалните мрежи.

Мис Универзум 2023 ќе се одржи во Ел Салвадор во декември, а точниот датум се уште не е потврден. За титулата на најубава жена ќе се борат натпреварувачки од 24 земји.

Рики ќе биде втората трансродова жена во историјата на натпреварот што ќе се натпреварува за престижната титула Мис Универзум. Во 2018 година, Анџела Понсе од Шпанија стана првата транс жена која се натпреварувала, а потоа за NBC изјавила дека „никогаш не можела да замисли“ дека ќе стигне до завршната фаза.

Слични содржини