„Ројтерс“ ја добива својата прва главна уредничка во историјата

од Stefanija Kuzmanovska

Најстарата светска новинска агенција „Ројтерс“ за нова главна уредничка ќе ја има Алесандра Галони (47), која со тоа ќе стане првата жена на таа позиција во 170-годишната историја.

Родена во Рим, Галони досега беше една од уредниците во „Ројтерс“ и ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира подоцна овој месец.

Галони има долгогодишно искуство во следење на економијата и политиката, а пред да дојде во „Ројтерс“ работела за „Волстрит журнал“.

За „Ројтерс“ моментално работат 2.450 новинари.

Слични содржини