Роналдо на италијански им се заблагодари на навивачите на Јувентус

од Vladimir Zorba

  Кристијано Роналдо синоќа доби овации од навивачите на Јувентус за прикажаната игра и двата гола во триумфот на Реал Мадрид со 3:0 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите.

Фановите на италијанскиот шампион му аплаудираа на Португалецот по вториот гол кој беше постигнат со ножички, а тој по натпреварот им се заблагодари.

-Тоа што го направија за мене е неверојатно. Никогаш во кариерата не му се случило вакво нешто. Пресреќен сум. Само ќе кажам „Грацие“ (благодарам), изјави ѕвездата на Реал.

Роналдо е првиот фудбалер во ЛШ кој постигнал гол на 10 последователни натпревари.

Слични содржини