Русија: Обвинителството се сомнева дека компанијата Марс ја финансира украинската армија

од Stefanija Kuzmanovska

Обвинителството на Московската област започна истрага против американската компанија „Марс“ поради сомневање дека оваа компанија ја финансира украинската армија.

Обвинителството ќе проверува и дали компанијата „Марс“, која произведува храна за луѓе и животни, плаќа правилно даноци, пренесува ТАСС.

Шефот на рускиот федерален проект за безбедност и борба против корупцијата Виталиј Бородин претходно апелираше до Генералното обвинителство на Руската Федерација со барање да се провери работењето на компанијата „Марс“.

Во таа прилика тој истакна дека компанијата заработува милијарди во Русија, а во исто време ја спонзорира Украина, а можеби и украинските вооружени сили, криејќи се зад хуманитарни цели.

Оваа компанија е позната по производството на чоколади Mars, Twix, Bounty, бонбони M&M, гуми за џвакање Orbit и Riglis, како и храна за домашни миленици Pedigree или Sheba.

Претседателот на „Марс“, Грант Рид, минатиот март најави суспензија на сите рекламни кампањи во Русија и Белорусија, како и привремена суспензија на сите инвестиции во Русија.

На 5 мај, компанијата „Марс“ на својата веб-страница објави дека е „сè уште тажна поради страшната руска војна против Украина“ и дека ќе одвои 12,41 милиони евра за помош на Киев – 8,27 милиони евра за храна, сместување, рехабилитација и поддршка за менталното здравје за жителите на Украина, а 4,14 милиони евра за помош на домашните миленици во таа земја.

Според соопштението на компанијата, „Марс“ претходно издвоила 11 милиони евра за хуманитарни организации кои работат во Украина, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини