Русија тврди дека за прв пат ја соборила британската ракета Storm Shadow

од desk4

Русија тврди дека ја соборила ракетата со долг дострел Storm Shadow, која им беше доделена на украинската војска од страна на Велика Британија.

 

Руското Министерство за одбрана на својот дневен брифинг за Украина соопшти дека ја соборила крстосувачката ракетам, доделена на Украина од страна на Велика Британија, како и ракетите со помал дострел, произведени од американска компанија HIMARS.

 

Велика Британија е единствената земја која јавно го снабдува Киев со крстаречки ракети со долг дострел.

 

Вчера Москва соопшти дека Украина ги користела ракетите за да ги нападне индустриските локации во областа Луганск, под контрола на Русија, во источна Украина.

Слични содржини