Русија воведе санкции за Камала Харис и Марк Закерберг

од Nikola Popovski

Русија денеска им забрани на 29 американски политички функционери, медиумски личности и бизнисмени да влезат на нејзина територија како одмазда за санкциите што Вашингтон и ги воведе на Москва поради нејзината офанзива против Украина.

Меѓу засегнатите од овие мерки, чиј список го објави руското Министерство за надворешни работи, меѓу другите се и основачот на Фејсбук и шеф на интернет гигантот Мета, Марк Закерберг и потпретседателката на САД, Камала Харис.

На списокот има и претставници на политичките елити, како и новинари кои „формираат русофобна агенда“.
Покрај потпретседателката на САД, се вклучени и извршниот директор на Банката на Америка, Брајан Мојнихан и лидерите на воено индустриските компании.

Ним им е забранет влез во Русија на неодредено време.

Москва наскоро ќе објави ново продолжување на оваа листа како контрамерка на непријателските чекори на американските власти, соопшти руското министерство.

Министерството одделно објави и дека Москва воведува санкции за 61 канадски државјанин и планира да ја прошири и таа листа, пренесува Спутник.

Слични содржини