Русите признаа: Украинските сили ја преминаа реката Дњепар

од Stefanija Kuzmanovska

Русија за првпат призна дека дел од украинските сили преминале на источниот брег на реката Дњепар, велејќи дека ќе се соочат со силен оган од руската артилерија.

Претходно, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските сили го обезбедиле своето упориште на источниот брег на реката Дњепар во регионот Херсон, пренесува „Ројтерс“.

Рускиот гувернер на областа Херсон, која е под контрола на Москва, Владимир Саљдо, исто така призна дека украинската армија ја преминала реката Дњепар, која Москва ја смета за тешка бариера за украинските војници.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека украинските сили успеале да ја преминат реката и покрај тешкотиите.

Слични содржини