Руските ученици ќе учат да летаат со дронови на часовите за обука

од Radmila Tasevska

Во руските училишта се воведува посебен модул посветен на технологиите за беспилотни летала и нивната примена за воени и индустриски цели, а предметното знаење ќе се стекне на часовите за обука за работа, рече заменик-министерката за образование, Татјана Василиева, пренесе БТА.

-Големо внимание ќе се посвети на технологиите за беспилотни летала. Управувањето со дронови од хоби се претвори во барана индустрија, изјави заменик-министерот пред пратениците во руската Државна дума.

Василиева посочи дека способноста за управување со беспилотни летала е „поврзана со подготовка за воена служба и одбрана на татковината, како и технологии во земјоделството, транспортот, набавките и логистиката.

Претходно, претседателот Владимир Путин потпиша амандман на Законот за образование во Руската Федерација, со кој се предвидува часовите за работна обука да станат задолжителни од 1 септември оваа година.

Слични содржини