С.Македонија се подготвува да ѝ помогне на Словенија по катастрофалните поплави

од Nikola Popovski

Северна Македонија е подготвена да ѝ помогне на Словенија после катастрофалното невреме што вчера ја зафати оваа земја. Ова го соопшти министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Подаваме рака на пријателска Словенија. Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош. Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти. Заедно сме посилни, објави Петровска на социјалните мрежи.

Од четвртокот вечерта во Словенија се регистрирани стотици интервенции поради поројните поплави предизвикани од обилните врнежи. Состојбата на терен е драматична, села се отсечени, има патишта под вода, а луѓето чекаат на покривите да дојдат спасувачите.

Ситуацијата е сериозна, предупреди тамошниот министер за одбрана Марјан Шарец.

Армијата е на терен, а акцискиот план Вихра е активиран. Планот предвидува активирање на силите на словенечката армија во случај на природни катастрофи од поголеми размери и обезбедува помош на војниците на словенечката армија на системот за заштита од природни и други непогоди.

Слични содржини