Санкционирани 89 возачи на подрачје на општина Струмица

од Radmila Tasevska

Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во периодот од 11:00 до 16:00 часот спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– При контролата санкционирани се 89 возачи, и тоа 42 за управување  на возило без возачка дозвола, 6 санкции за возачи што управувале моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 13 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 5 возачи без лекарско уверение (јавен превоз-такси возачи), а одземено е и едно моторно возило нерегистрирано повеќе од 6 месеци…, информираат од МВР.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Слични содржини