СДСМ: Осамени на браникот на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ упорно штанцаат лажни вести кои немаат врска со реалноста

од Andreja Salpe

,,ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжуваат да шират лажни вести и да прават конструкции, очајни бидејќи никако не им поаѓа од рака да го одбранат криминалот во своите редови. – реагираат од СДСМ.

Прво потврдениот дезинформатор Мицкоски, а потоа и неговиот колега Арсовски изнесуваат извртувања и измислици за некакви фалсификати.

А ако воопшто има фалсификат документи ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати кај неговиот кадар и Началник во тоа време Александар Јанев.

Но, никој веќе не веруваа во лагите од кујната на Белата палата и центарот за манипулации на опозициската партија.

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени во лагите, осамени на браникот на криминалот.

Граѓаните ги казнија шест пати по ред и одново ќе го казнат и за блокадите и за деструкциите, и за одбраната на криминалот, и за дејствувањето спротивно на државните интереси. – стои во реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ”, стои во соопштението на СДСМ

Слични содржини