СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ му наштети на образованието, сега се унапредува образовниот систем

од desk4

  

Антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ заробено во криминалната матрица на носителот на криминалот Никола Груевски, по сите штети што ги нанесе врз образовниот систем, денес нема никаков кредибилитет да зборува за образовнието.

Преку погубните политики и промашените проекти, ВМРО-ДПМНЕ 11 години го урнисуваше образованието, ги понижуваше наставниците и професорите и ги игнорираше потребите на учениците.

За разлика од таквиот однос кон образованието на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ посветено работи на унапредување на образовниот систем и инвестира во квалитетно образование.

Со предлог ребаланс за Буџетот за 2018 година се одвојуваат 950 милиони денари, околу 15 милиони евра за долгови на установите од областа на образованието, здравството, детската и социјална заштита под надлежност на општините, доглови направени токму поради неодговорното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За една година зголемени се средствата за ученички и студентски стандард, платата на просветните работници е покачена за 5 отсто, реконструирани се 13 основни училишта низ цела Македонија, а дополнително во градот Скопје и во другите општини се обновуваат и средните училишта, кои беа заборавени во изминатите 11 години.

Очигледна е разликата помеѓу одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и криминалното, антидржавно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини