СДСМ  ги поддржа договорените измени на потребните закони со што се надминаа сите пречки за огранизирање и одржување на референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за Договорот со Грција.


„Парламентарното мнозинство заедно со опозицијата ги изгласа промените на Изборниот законик, Законот за Влада и Законот за финансирање на политички партии. Со усвоените измени се спроведуваат сите барања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Сега, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе немаат изговори за антидржавното однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сега треба да покажат одговорност и сериозност, да го поддржат референдумот за македонската иднина и да им дозволат на граѓаните да одлучуваат“ се вели во партиското соопштение.

Сметаат дека  ниту ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Граѓаните, сами, слободно и без притисоци на референдум ќе одлучат за сопствената и за иднината на државата.

Слични содржини