Се ближи крајот за мануелните менувачи во BMW

од Vladimir Zorba

Френк Вебер, клучен член на управниот одбор на BMW, вели дека брзо се ближи крајот за мануелните менувачи во автомобилите на BMW, а тоа ги вклучува и нивните М модели.

За време на едно неодамнешно интервју, Вебер рече дека „готово“ е за рачните модели на марката, истакнувајќи дека бројките за продажба за нив не ги оправдуваат трошоците за развој. Вебер не прецизираше точен датум кога BMW ќе ги отфрли сите свои рачни опции, но тоа би можело да биде наскоро: „Ако сакате мануелен M модел, мора да го купите сега. ”

„Тие се забавни производи, но да бидеме искрени, количините стануваат се помали и помали, така што веќе нема смисла да се развиваат“, вели Вебер.

Неговите коментари доаѓаат веднаш откако BMW го претстави Z4 M40i со опција за шестстепен мануелен менувач.

Побарувачката за моделите на мануелен менувач на BMW се покажа силна во САД минатата година, со околу 20% од целата продажба на М3 и М4, како и над половина од продажбата на М2. И покрај овие бројки, тие очигледно не се доволни за да го убедат BMW во долгорочната одржливост на мануелните менувачи.

Слични содржини