Се отвори „Пандорината кутија“ во Алијанса: „Внатре има сили кои се уште го сметаат Села за претседател и тоа беше мотивот истиот да повлече конци“

од Nikola Popovski

Бурни и тешки денови во Алијансата за Албанците. Функционерите се делат во табори поради различните ставови, за тоа, како и со кого да настапат на претстојните избори. Лидерот на партијата, Арбен Таравари сака да „трча“ со Европскиот сојуз за промени, додека генсекот на партијата Кренар Лога и поранешениот претседател на партијата, Зијадин Села го предупредија дека АА веќе донела одлука, на изборите ќе оди самостојно и оти не може тој како поединец да носи одлуки во име на партијата. За во сабота е најавенa седница на Централното собрание, на која ќе се бара одговорност од Таравари. Работата отиде дотаму што синоќа беше нападнат и членот на партијата и директор на Агенцијата за управување на одземен имот, Дритон Небиу поради тоа што му дал поддршка токму на Села после синоќешната прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово.

Ваквиот став на градоначалникот на Гостивар и лидер на партијата следува откако Таравари заедно со претседателите на здружената албанска опозиција беше на консултација и средба со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина.

Дали Курти го премисли Таравари? 

Политичкиот аналитичар и извршен директор на невладината „Пулсот на демократијата“ Енвер Салихи посочува дека од именувањето на Таравари како претседател на партијата имало сопки и кочници за развојот на партијата и држање на статус квото.

Енвер Салихи

-Внатре има сили кои Села уште го сметаа претседател и тоа можеби беше мотив истиот да повлече конци и да го спречи развојот на партијата како што мислеше Таравари. Токму тоа се увиде со назначувањето на претседатели на ограноци и разни кадровски решенија кои се понудија. Пандорината кутија веќе се отвори и сега претстои вистински борба за тоа кој е правиот пат за одење напред со ДУИ во коалиција или со опозицијата, оценува Салихи во разговор за „Локално“.

Таравари, тврди Салихи, повлече паметен чекор за тоа што мислеше како лидер на партијата и сега другите што се контра него ги расипаа добрите позиции што ги имаа со ДУИ и доколку се поделат би биле омаловажувани со два-три пратеника во наредните изборни листи.

-Во моментот ако Таравари направи чекор напред наредните денови веќе ситуацијата ќе дојде до точката пола-пола и дали би го срушиле ДУИ зависи како ќе соработува наредната коалиција и развојот на  настаните. Таравари важи за еден од главните двигатели на овој сојуз и секако дека има големи шанси за спојување на оние опозициски гласачи кои со години се мнозинство, но со распарчување на опозициските партии секој циклус беа поразени, истакнува соговорникот.

Дециден е дека повеќе од доволно е неговата улога за подобрување на состојбата во опозицијата бидејќи поголем број од гласачите од Алијанса имаат желба за промени во албанскиот блок.

-Оваа ситуација со опозицијата има потреба на решение после изборите и спојување на сите партии во една и секако дека како еден он нив би можел да биде Таравари, потенцира Салихи.

Албанците кои се опозиција долго време беа мотивирани од Самоопределување и се негови подржувачи со оглед на блискоста со на ставовите и принципелноста на Албин Курти како идеолог и интелектуалец, додава аналитичарот.

-Секако дека овие блиски односи кои ги имале биле пресудни, но сепак барањето Курти да ги седне дошло од партиите од Македонија кои сами не им веруваат еден на друг до таа мера и секако барале авторитет кои би бил гарант на овој сојуз. Секако не очекув  интересен изборен процес на една партија која е хомогена и победничка како ДУИ и обединета опозиција која е рамноправен партнер и времето ќе покаже како ке се развиваат настаните после конечното коалицирање на Тарвари, заклучува Салихи.

Поранешниот пратеник во Собранието, Зуди Џелили го истакнува фактот што Таравари последните месец дена имал многу средби со сите внатрешни и надворешни фактори и како што вели: „Граѓаните сакаат промени“.

Зуди Џелили

-Поради тоа тој го објави својот личен став за да се отвори дебата внатре во партијата, објаснувајќи дека се одлучил за промени и дека тие се можни со опозицискиот фронт. По неговото изјаснување брзи беа реакциите на Лога и Села, по што имаше поплави од реакции и на социјалните мрежи, каде повеќето го поздравуваат ставот на Таравари. Како ќе се одвиват работите, ќе видиме во наредните денови, вели Џелили за „Локално“.

Верува дека Таравари се консултирал со многумина и има големи шанси заедно со ЕСП да донесат промени.

-Неговото место ќе биде на чело на „подобро владеење во нашата држава. Како лидер е човек што обединува и таквите работат за доброто на сите нас. Мислам дека е омилен за сите, па и за нашите партнери од САД и ЕУ. Мислам дека меѓу другите, Таравари е прифатлив и во Косово и во Албанија. Тоа е лидер што ги цени сите луѓе, ги разбира нивните маки, прима совет, живее скромно, има човечност и од такви сите имаат корист, објаснува Џелили за поддршката што ја ужива лидерот на партијата.

Н.П.

Слични содржини