Селмани: СДСМ ќе има повеќе работа за вториот круг да ги мотивира своите гласачи да излезат

од Берта Китинска

Првпат имавме предизборни коалиции меѓу партии на Албанците и македонските партии. Коалицијата на опозицијата изгледа дека подобро функционираше. Од бројките може да се заклучи дека и ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од Алијанса и Алијанса добила поддршка од ВМРО, како и ДУИ од СДСМ, но СДСМ не доби толку поддршка од ДУИ, вели за Утрински брифинг бизнисменот и поранешниот политичар Илир Селмани.

-Сите политички партии си ја завршија работата за себе, само СДСМ потфрли. Ако не можеш за себе, не можеш ни за коалиционите партнери. Очекувано за мене беше позиционирањето на Беса во втор круг со ДУИ и тоа ќе биде голема битка со големи шанси Беса да постигне историски резултат. Тоа е и предизвик за СДСМ оти обете партии се коалициски партнер на СДСМ во Владата, вели Селмани.

Селмани не верува дека ако некој се налути и смета дека не ја добил во доволна мерка поддршката од СДСМ во Тетово тоа би можело да предизвика промена во владиното мнозинството.

-Не верувам дека тоа може да биде пречка за мнозинството. Но, СДСМ ќе има повеќе работа за вториот круг да ги мотивира своите гласачи да излезат. Комплицирана е големата слика во Тетово и не е во полза на Теута Арифи и ДУИ. Тешко е гласачите на СДСМ да излезат да гласаат за неа, вели тој.

Слични содржини