Сер Алекс Фергусон се разбуди од кома, разговара со семејството

од desk2

 

Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, се разбуди од кома по операцијата поради излив на крв во мозкот.

Фергусон во саботата навечер, итно беше примен во болница откако му се слошило дома, при што било утврдено дека се работи за мозочен удар, односно помал излив на крв во мозокот.

Вечерта беше опериран, а операцијата помина без никкави проблеми, а набрзо беше соопштено дека прочуениот Шкот е во стабилна состојба, а сега стигнуваат подобри вести.

Иако пред него е подолг временски период на закрепнување, сер Алекс може да се исправи и да седи во креветот, а зборувал и со семејството и со персоналот.

Се уште е прерано да се прогнозира дали 76-годишниот стручњак ќе успее во потполност да закрепне, и дали ударот ќе остави трајни последици на него, но најважное што е свесен.

Сите во британија викендот беа во шок, додека клубовите, колегите и играчите, но и навивачите му прижија безусловна поддршка и пратија желби за што побрзо оздравување на Ферги.

Слични содржини