Шаќири: Учениците и наставниците уживаат што се вратија во училиштата

од Nikola Popovski

Министерот за образование, Јетон Шаќири ги повика сите вклучени во образовниот процес, вклучително и учениците, наставниците и родителите максимално да придонесат наставата да продолжи со физичко присуство.

Според него, на првиот денешен час со физичко присуство среќни биле и децата и наставниците.

-Денеска видов ученици од основно образование кои уживаа што се вратија во училишните клупи. Видов и наставници кои исто така беа среќни што се повторно во училиштата. За мене е многу важно сите да бидеме заштитени во рамките на протоколите што ги имаме, информира Шаќири во гостувањето на емисијата на „Емисија 200“.

Тој е свесен за последиците од пандемијата во областа на образованието, но се надева дека со поголема посветеност и придонес на наставниците оваа состојба ќе биде надмината.

Слични содржини