Шампери: Иделано место за уживање во зимските лудирии

од desk2

Убаво, тивко и довоно рустично, планинското село Шампери во Швајцарија е место на кое може да се опуштите и одлично да ги поминете зимските празници.

 

Идеално е за скијачи кои сакаат да одат некаде каде е релативно мирно и тивко, пријатно за очи, со пристап до најдобрите скијачки терени. Одморалиштето во најголем дел е населено со планински колиби од старо дрво расфрални во подножјето на планината. Од таму може да дојдете и до Портес ду Солеи и до Авориаз кој е вистински снежен рај на 1.800 метри надморска височина.

Локалните скијачки патеки се отврени и не се застрашувачки, главно се сончеви што е одлично наутри, но ги прави предизвикувачки и во попладневните часови. Постојат две жичарници од селата.

Постојат и многу ресторани , а одличен е и Шез Габи кој е во класично рустичен стил. Некои места нудат восхитувачки глетки на сончевите тераси, кои сигурно ќе ве привлечат да се излежувате попладнето. Секако тука се и кафулињата за „брзо полнење гориво“.

Забава можете да најдете на секој чекор и тоа за сите возрасти. Сите ќе уживаат во погледот на прекрасните снежни планини, заоѓањето на сонцето и наизглед бесконечното пространство природа, пишува “LuxLife”.

Слични содржини