Шефот на Lenovo го најави враќањето на Motorola Razr

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Lenovo, Јанг Јангкинг навести за време на прес-конференција во рамките на мобилниот конгрес во Барселона, дека е можно да видиме ново издание на култниот телефон Motorola Razr. За такво нешто се зборуваше и минатата година, но не сме виделе вистински производ.

Запрашан дали идејата е се уште актуелна, Јангкинг одговори дека се уште се разговара. Тој објасни дека со новите дисплеи на преклопување можат да се постигне големо количество иновации во дизајнот и дека такво нешто може да видиме и во новиот Razr.

На дополнително прашање, шефот на Lenovo потврди дека зборува токму за овој одреден модел од минатото на Lenovo.

Вклучувањето на дисплеј на преклопување природно значи дека евентуално ново издание на телефонот ќе има поразличен дизајн од оригиналот и најверојатно ќе видиме сосема нов производ, од кој само ќе има корист познатата марка.

Слични содржини