Шилегов: Загаденоста и смрдеата во Лисиче и Ново Лисиче се генерира од Вардариште

од Берта Китинска

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов вели дека Вардариште генерира смрдеа и загаденост во скопските населби Лисиче и Ново Лисиче, посочувајќи дека за санација на депонијата се потребни 26 милиони евра.

-Наслебата Лисиче е најниската точка во скопската котлина што значи дека ефектите од аерозагадувањето што се случуваат на ниво на цела скопска котлина најлошо се манифестираат во Лисиче.Ние за наша среќа имаме тренд дека бројот на загадени денови во текот на една година почнува да се намалува плус пиковите се со посериозно помали вредности, изјави Шилегов.

Според него, проблемот со дивата депонија Вардариште е сериозен, кој полека ќе се надмине.

–Ние ја направивме целата студија, 26 милиони евра би чинела санацијата на Вардариште. Јас разговарав и со министерот за животна средина, и во пристапните преговори во кои што ќе влеземе една од најважните компоненти е здравата животна средина, ќе имаме достапност и до европските фондови за проектот кој што градот го изготви, кој што не е импровизација туку е сериозно и дефинитивно решавање на проблемот, рече Шилегов.

Слични содржини