Штетата од конфликтот во Газа досега изнесува на околу 20 милијарди долари

од Radmila Tasevska

На Газа ќе и треба нов „Маршалов план“ за да се опорави од конфликтот меѓу Израел и Хамас, изјави денеска директорот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) Ричард Козул-Рајт, додавајќи дека штетата од конфликтот досега изнесува на околу 20 милијарди долари.

Говорејќи на маргините на состанокот на ОН во Женева, Козул-Рајт рече дека штетата е веќе четири пати поголема од штетата во Газа за време на седумнеделната војна во 2014 година.

„Зборуваме за 20 милијарди долари ако (конфликтот) престане сега“, рече Козул-Рајт.

Тој додаде рече дека проценката се заснова на сателитски снимки и други информации и дека попрецизна проценка ќе бара од истражувачите да влезат во Газа.

Слични содржини