Шведскиот врховен суд ја запре екстрадицијата на двајца турски државјани

од Stefanija Kuzmanovska

Шведскиот врховен суд ја запре екстрадицијата на двајца турски државјани во нивната татковина. Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на судот, тие во Анкара се обвинети за учество во вооружена терористичка организација, но според шведските закони „има пречки за екстрадиција“.

„Турција побара екстрадиција на двајца турски државјани. Во едниот случај екстрадиција се бара за издржување затворска казна, а во другиот за кривично гонење. Врховниот суд смета дека има пречки за екстрадиција и во двата случаи“, се вели во соопштението на судот.

Се истакнува дека, според турската страна, споменатите граѓани се поврзани со движењето Ѓулен, кое Анкара го смета за вооружена терористичка организација.

Турските граѓани ја преземале и користеле мобилната апликација што ја користат членовите на движењето, се додава во соопштението.

Според врховниот суд на Шведска, „симнувањето и користењето мобилна апликација само по себе не може да се смета“ како учество во одредена терористичка организација и потребно е да се процени дали тоа е кривично дело според шведскиот закон.

Дополнително, се додава во соопштението, постојат пречки поврзани, меѓу другото, со тоа што турските државјани имаат статус на бегалци и „ризикот од прогон доколку бидат екстрадирани“.

Слични содржини